СОК - Контакт

Македонскиот Национален Комитет им е благодарен на сите кои ја поддржуваат неговата работа преку донирање средства. Сите донации, без разлика дали се мали или големи, се користат исклучиво за покривање на школарината на учениците и за финансирање на неопходните трошоци за реализирање на проектите на комитетот. Средствата никогаш нема да бидат потрошени за хонорари и за трошоци кои не се неопходни. Впрочем, доколку сакате, можете да донирате средства само за одреден проект или само за одредена школарина и средствата ќе бидат наменети токму за таа намена.

Како благодарност за спонзорствата, Македонскиот Национален Комитет нуди различни можности за поддршка и промоција на спонзорот, иако нормално донаторите можат да останат анонимни. Македонскиот Национален Комитет со задоволство ќе ги вброи сите донатори на својата веб-страница во секторот на „Поддржувачи“. Исто така, Македонскиот Национален Комитет ќе ја искажува својата благодарност на сите активности и промотивни материјали кои донаторот ќе сака да ги поддржи. Комитетот е отворен за нови идеи и можности кои донаторите се подготвени да ги предложат и да ги понудат и е благодарен на сета поддршка од сите донатори и поддржувачи.