UWC Македонија

Кратка Историја


     Kурт Хан е германски просветен работник којшто прв ја воведува идејата за Светските Обединети Колеџи (СОК)  (United World Colleges (UWC)). Тој веруваше дека многу може да се направи за да се надминат религиските, културните и рационалните недоразбирања и да се избегне конфликт, ако млади луѓе од целиот свет се соберат заедно. Сметаше дека ученици на возраст од 16 до 18 години се доволно поврзани со нивните култури, но сепак и отворени кон нови влијанија за да учат еден од друг.


      Првиот колеџ, СОК на Атлантикот, е отворен во 1962 година. Денес има тринаесет светски обединети колеџи кои се распространети на 5 континенти. Речиси 40 000 ученици од 180 различни земји учеле во СОК и постојат преку 120 национални комитети.

      Во комплексниот, глобализиран свет во 21 век, целите и приоритетите на СОК се исто толку важни како што беа и во 1962 година - веројатно и уште повеќе.

 

1962 - СОК на Атлантикот се отвора во Јужен Велс и е именуван како „највозбудливиот експеримент во образованието по Втората Светска Војна“.

 

1967 - Лорд Моунтбатен станува Претседател на организацијата и движењето е наречено СОК.

 

1971 – Интернационалното училиште во Сингапур e официјално отворено како соработник на СОК.

 

1974 - Се основа Пирсон Светски Обединет Колеџ. Лестер Б. Пирсон, поранешен премиер на Канада и добитник на Нобеловата награда за мир е инспирација за отворањето на колеџот.

 

1978 – Принцот на Велс станува Претседател на СОК.

 

1970 – Зголемен број на Национални комитети постигнуваат договор за отворање на СОК во нивните земји и за избирање студенти за истите.

 

1975 - Интернационалното училиште во Сингапур станува целосен член на СОК движењето и е официјално преименувано во СОК на Југоисточна Азија.

 

1981 - Ватерфорд Камхлаба училиште во Свазиленд, отворено во 1963 година како мултикултурно училиште, станува целосен член на СОК.

 

1982 - Се основаат СОК САД во Ново Мексико, САД, и СОК на Јадранот близу Трст.

 

1988 –Принцот на Велс и агрономот Др. Луис Маркано Коело играат клучна улога во отворањето на Симон Боливар Светски Обединет Колеџ во Венецуела.

 

1992 - Ли По Чун Светски Обединет Колеџ во Хонг-Конг е отворен.

 

1995 –Нур, Кралицата на Јордан и Нелсон Мендела стануваат претседатели на  движењето на СОК. Нордискиот Светски Обединет Колеџ во Норвешка е отворен, со помош на Црвениот крст и осумте нордиски Влади.

 

1997 - Светски Обединет Колеџ Махиндра во Пуне, Индија, е отворен.

 

1999 - Нелсон Мандела станува Почесен Претседател на СОК.

 

2006 - СОК во Костарика и СОК во Мостар, Босна и Херцеговина, се отворени.

 

2009 - СОК во Мастрихт, Холандија, е отворен.