Be Active

Јас не сум учел/а на СОК. Дали може некако да помогнам?

- Секако. Македонскиот Национален Комитет е отворен за соработка со сите лица и организации кои ги делат вредностите на движењето на СОК. Доколку сакате да учествувате во некој од проектите кои можете да ги најдете на нашата веб-страница или пак имате некоја нова идеја за проект пратете ни маил и ние со задоволство ќе Ве вклучиме во работата на комитетот.

Планирам проект кој сакам да го реализирам во Македонија. Дали може Македонскиот Национален Комитет да го финансира?

- Примарната цел на комитетот не е да финансира проекти. Сепак, доколку постои можност за соработка и партнерство, комитетот е подготвен да помогне во реализацијата на проектите кои ги промовираат вредностите на СОК.

Дали Македонскиот Национален Комитет е конкурент на другите невладини организации кои работат во Македонија?

- Од формално-правен аспект Македонскиот Национален Комитет не е многу поразличен од другите невладини организации во Македонија. Сепак, целиот комитет функционира на доброволна основа, без ниту еден член да добива примања или хонорари за сработеното. Најголемиот, ако не е и целиот, дел од стипендиите се покриени од самите колеџи и комитетот и неговите членови немаат никаков финансиски бенефит од работата. Македонскиот Национален Комитет ја поддржува работата на граѓанскиот сектор во Македонија и е отворен за соработка со сите организации кои ги прифаќаат вредностите на движењето на СОК.

Дали медимуите можат да му помогнат на комитетот?

- Секако. Исто како што комитетот може да им помогне и на нив. Комитетот има оригинални активности и членови со уникатни искуства. Ние сме секогаш спремни да ги споделиме тие искуства со целата јавност и да ги промовираме идеите на движењето на СОК. Комитетот е благодарен на секој медиум во Македонија кој во минатото ги промовирал активностите на комитетот и на СОК воопшто и сме благодарни на сите медиуми што тоа ќе го прават во иднина. За какви било подетални информации обратете се на info.sok.uwc@gmail.com.