Пред педесет години е отворен првиот Светски Обединет Колеџ во светот (СОК Атлантик, во Велс). По тој повод, Националниот комитет организира повеќе настани оваа година.
Во план се два проекти (еден во текот на оваа есен и еден во текот на пролетта) во соработка со два колеџа, каде што ученици од колеџите ќе дојдат во Македонија за да учествуваат во волонтерска работа. Отворени сме за соработка со невладини организации и средни училишта кои се заинтересирани за овие проекти.
Исто така, еднодневните активности, кои се дел од селекцискиот процес, ќе се одржат оваа зима. Доколку се обезбедат средства за повеќедневни активности, во план се волонтерски активности и групни проекти за апликантите, нормално поддржани од членовите на комитетот.
Во текот на летото планираме да одржиме регионални работилници за доброволна работа, каде што претставници од другите комитети од Југоисточна Европа ќе присуствуваат и ќе разменат искуства од нивната работа. Исто така, ќе се одвиваат различни активности кои ќе имаат за цел да го промовираат движењето на СОК, да ја зајакнат врската и соработката меѓу комитетите и да ја подобрат работата на сите комитети од регионот.
|