Критериуми
СОК бара активни ученици кои ги прифаќаат и ги промовираат вредностите на движењето на СОК во својот секојдневен живот. Бараме ученици кои се љубопитни за запознавање на нови култури и луѓе од различни земји од светот. Учениците треба да имаат желба да направат позитивна промена во нивната животна средина и да ги шират идеалите на движењето на СОК. СОК образува идни светски лидери, па затоа бараме ученици кои покажале активност и иницијатива во своите заедници, без разлика дали тоа е во образовниот, спортскиот или културниот живот, или општо во невладиниот сектор. Воедно, сакаме ученици кои прифаќаат сосема различни активности и се обидуваат на направат симбиоза меѓу неколку од различните активности во кои се вклучени, како и ученици кои ја прифаќаат тимската работа како неопходна, позитивна појава на заедниците.
На образовен план, учениците мораат да бидат работливи и совесни и да искажуваат афинитети кон одредени предмети, без разлика од предметите и досегашниот успех покажан во нив. Исто така, сите ученици мора да имаат познавање на англискиот јазик, јазикот на кој се изучува програмата Меѓународна матура (IB).
Формалните критериуми се следниве:
1. Сите пријавени кандидати мора да бидат ученици на втора година во средно училиште.
2. Сите пријавени кандидати мора да имаат просечен успех во средното училиште повисок од 4.50.
3. Сите пријавени кандидати мора да бидат државјани на Република Македонија и/или да имаат живеено на Република Македонија најмалку 5 години.
4. Сите пријавени кандидати мора да ги почитуваат правилата за апликација на Македонскиот Национален Комитет.
5. Сите пријавени кандидати мора да бидат спремни да бидат амбасадори на Р. Македонија во Светските Обединети Колеџи и да ја претставуваат државата во нивниот престој во следните две години.
6. Сите пријавени кандидати мора да бидат комуникативни и позитивни ученици! |