СОК - Контакт
JQuery Cycle Plugin - Basic Demo
Адриатик Колеџ

Светскиот Обединет Колеџ на Јадранот (основан 1982), кој е основан од Владата на регионот Фриули-Венеција-Џулија со поддршка од Владата на Италија, се наоѓа во Дуино (Трст), во северниот дел од Италија, блиску до границата со Словенија. Учениците се активно вклучени во животот во Дуино кое е составено од три различни култури - словенска, германска и латинска. Колеџот посебно го поддржува градењето на добри односи меѓу земјите од Централна и Источна Европа. Други приоритети на колеџот се науката, музиката и богатото културно наследство.