СОК - Контакт
JQuery Cycle Plugin - Basic Demo
Лестер Б. Пирсон Колеџ

Лоциран во шумски предел на западниот брег на Канада, овој колеџ (основан во 1974) го носи името на Лестер Б. Пирсон, Премиер на Канада и добитник на Нобеловата Награда за Мир. Поради својата локација и визијата за зачувување на животната средина, активностите на колеџот вклучуваат едрење, нуркање и планинарење. Клучен дел од животот во колеџот вклучува и волонтирањето на учениците во различни проекти. Колеџот исто така силно го поддржува проектот за Трета Година, во која учениците волонтираат во текот на целата година по завршувањето на двегодишното образование во Колеџот Лестер Б. Пирсон.