СОК - Контакт
JQuery Cycle Plugin - Basic Demo
Ли По Чун

Лоциран на затворен кампус, во непосредна близина на океанот, Ли По Чун во Хонг Конг (основан во 1992) нуди многу различни искуства на своите ученици. Часови по кинески јазик, патувања во рурална Кина, како и посебени часови за кинеската цивилизација, се неколку можности за подобро запознавање со кинеската култура. Исто така, учениците соработуваат со локалните заедници во програмата Quan Cai ("развој на сите сегменти"). Можностите варираат од соработка со локалните училишта до мониторирање на развојот на коралите по комплетирање на тренинзите за нуркање.